Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Прераснуваме во економија на можности и во земја на иновации

0
By Ivana on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На вистинскиот пат сме да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи. Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија, посочува вицепремеирот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Во колумна за порталот Фактор, Битиќи нагласува дека новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии и информира дека како дополнителна поддршка за домашната економија, пред околу шест месеци е формиран Националниот старт-ап совет, чија цел е размена на идеи, за да се креираат политики и да се создаде клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи. Во моментов проектите на домашните старт-апи се ко-финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој до 70 отсто од вкупната вредност на проектот, што значи дека за овие копании се обезбедува навистина силна финансиска поддршка од државата, односно од буџетот.

Битиќи пишува дека во моментот се работи на неколку законски решенија кои треба да воведат промена во актуелната состојба да го олеснат влезот и да се овозможат дополнителни финансии од приватни инвеститори во старт-ап компаниите.

-Владата ги гледа младите претприемачи како важен сегмент околу кој треба да се гради долгорочната стратегија за развој на домашната економија во иднина и сметаме дека токму Владата треба да е таа што ќе им го олесни патот кон бизнис светот на оние кои за првпат сакаат да започнат сопствен бизнис. За само четири години, Фондот за иновации и технолошки развој се претвори во дом за сите микро, мали и средни компании, а сега во своето портфолио брои преку 640 компании кои реализирале, започнале или ќе започнат со реализација на проекти во вкупна вредност на инвестицијата од 85,1 милиони евра, подвлекува вицепремиерот.

Како еден од клучните предуслови за развој на претприемништвото, Битиќи го посочува постоење на квалитетен и современ образовен систем, пришто додава дека тоа развојот ќе биде уште позабрзан во комбинација со активно вложување во инкубаторите и акселераторите за поддршка на старт-ап компаниите.

-Силно верувам во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, тие се оние кои ќе не воведат во четвртата индустријализација. Со нив можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите, преку нив да работиме на се поголема инклузивност и диверзификација по сите основи. За да можеме да го оствариме сето ова има неколку клучни точки кои мора да работат во синергија – првата точка е образованието. Тука треба да почне семето на претприемништвото и да се храни храбриот и  иновативен дух на младите луѓе. Самите универзитети и професорите треба да земат активна улога во поттикнувањето на новите лидери кои ќе го променат светот. Следни се инкубаторите и акцелераторите кои ќе вложуваат во ран развој, кои ќе даваат шанса на многу млади бизниси за да може од сите нив да се види кои ќе го поминат ситото и ќе преминат во следната фаза. По нив се инвестициските фондови, како Фондот за иновации, но и приватни фондови кои ќе вложуваат во супер креативни идеи на новото време. Секако, политиките и поставеноста на економскиот систем е работа на Владата и на тоа посветено работиме. Заедно со Националниот совет за старт-апи веќе работиме на овие храбри чекори, се надевам дека ќе инспирираме што повеќе луѓе да се вклучат и ќе бидат понесени од идејата – Северна Македонија старт-ап дестинација во регионот, потенцира Битиќи во колумната

економија Земја иновации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.