Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи уверува: Минимална плата од 18.000 денари ќе има

0
By Sashko on January 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минимална плата од 18.000 денари ќе има по заедничка одлука на сите социјални партнери во рамки на трипартитниот дијалог. Дали одлуката ќе биде 18.000 денари или повеќе тоа ќе биде заедничка одлука на сите социјални партнери, истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој нагласи дека секое едно важно решение за работниците, но и за работодавачите, ќе добие соодветен позитивен одговор за двете страни само преку Економско-социјалниот совет и преку дијалог на социјалните партнери.

Едностраните, ултимативни решенија не се конструктивни во таков дијалог, кој што сакаме да го воведеме во новото општество во кое што креиравме дијалог и консензус околу битни прашања на сите чинители, а тоа се социјалните партнери, нагласи Битиќи, додавајќи дека не треба да се вратиме шест години наназад, кога сите до еден реагираа на едностраниот начин на кој владата постапуваше во нашето општество.

„Пред десетина дена имавме состанок со претседателот на ССМ, за три дена состанок ќе има на кој треба да зборуваме за минималната плата, колективните договори, регресот во јавниот сектор и други прашања кои ги постави синдикатот“, рече Битиќи.

Тој нагласи дека барањето на синдикатот не се однесува само на зголемување на минималната плата, туку и на зголемување на уделот на минималната плата во просечната плата.

Во декември 2016 година, уделот на минималната во просечната плата бил 38 отсто, а во декември 2021 година тој нараснал на 52 отсто.

Македонија минимална плата Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.