Над четири илјади хектари шума изгоре во пожар на грчкиот остров Тасос, пренесуваат грчките медиуми.
Градоначалникот на островот Тасос денеска посочи дека седум авиони канадери учествуваат во гасењето на пламенот.
Заради силниот ветар пожарот се уште не е совладан.
Чадот од огнот стигнал до неколку села во јужниот дел на островот.