Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битола: Златна „Камера 300“ за францускиот кинематографер Давид Шамбиј

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Давид Шамбиј од Франција, кинематографер во филмот „Нов бран“ е годинешен добитник на највисокото признание, наградата Златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“.

Вечерва во Битола, лауреатот Шамбиј не го криеше своето задоволство од високото признание кое како што рече го освојува прв пат во неговата кариера.

Се радувам што со вас ја споделувам радоста за оваа награда, благодарам на тимот и на сите што беа вклучени во филмот „Нов бран“, рече меѓудругото францускиот кинематографер Шамбиј.

Со одлука на меѓународното стручно жири сребрена „Камера 300“  беше доделена на кинематограферката Олимпија Митилинау од Грција која го снимаше филмот „Мирен живот“, а бронзената „Камера 300“ му припадна на шпанскиот кинематографер Мауро Херсе кој го снимаше филмот „Сират“.

Наградените и учесниците на фестивалот ги поздрави министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ не е само проекција на филмови, туку тоа е лабараторија за светлина и сенка, место каде што филмот не продава илузии, туку создава вистинска алхемија, меша реалност и сон, ризик и визија.

Вчеравечер беа доделени и наградата железна „Камера 300“ која ја доби Лука Коасин, кинематографер во филмот „Лмина“, кристална „Камера 300“ беше доделена на Лиза Јинг која учествуваше во студентската програма, а во истата конкуренција специјално признание беше доделено на Леон Хортрих од Германија.

Бурно и со овации, љубителите на филмот го поздравија појавувањето на сцената на американскиот оскаровец Воли Фистер кому беше доделена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, како и на македонскиот филмски композитор Кирил Џајковски кој да доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја додели Друштвото на филмските работници на Македонија, а му ја врачи претседателот на Друштвото Игор Иванов. 

манако награди фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.