Обдукцијата која беше побарана и од страна на лекарите и од страна на истражен судија, покажала дека 29-годишниот Пеце од Кравари, починал од мозочно крварење или прскање на неуризма.
Ова за телевизија „Тера“ го потврди портпаролот на Основниот суд. Таа додаде дека за да се потврдат овие резултати од обдукцијата за причината за смртта, дадени се на хистопатологија.
Целокупната медицинска документација како што беше побарано, е обезбедена и се наоѓа во СВР Битола.
Од Клиничката болница за НОВА, вчера изјавија дека Стојковски бил примен со температура и главоболка пред десет дена, а биле направени сите испитувања. Тој бил двапати сниман на магнетна резонанца и комјутеризирана томографија на кои не било откриено ништо и бидејќи неговата состојба се подобрила лекарите одлучиле да не го праќаат во скопскиот клинички центар како што планирале претходно.
Кога излегол да прошета во дворот на болницата со неговиот татко, му се слошило, се онесвестил по што лекарите се обиделе да го реанимираат но безуспешно.
Од Клиничката болница во Битола, ја исклучија можноста за лекарска грешка бидејќи како што изјави директорот на болницата, Васко Најдовски, „доколку се работи за лекарска грешка ситуацијата би се влошила во текот на лекувањето“.




