Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнисменот Илија Гечев сведочеше дека Јанакиески му нудел плац на Водно по цена од 1,5 милион евра

0
By Mirjana on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илија Гечев, сопственикот на компанијата ИГМ Трејд од Кавадарци пред судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје денеска во исказ во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ откри дека поранешната власт му нудела да купи плац во текот на 2012 година. Понудата, како што објасни сопственикот на ИГМ Трејд, дошла од Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски. По разговорот со Јанакиески, Гечев се сретнал со претставник од Министерството за транспорт и врски кој на средба во кафе барот „Тренд“ во центарот на Скопје му понудил плац на продажба од околу 1.000 квадрати по цена, како што рече сведокот од 1,3 до 1,5 милион евра.

Во вкрстеното испрашување на одбраната сведокот рече дека никогаш за овој плац не се сретнал со поранешниот премиер Груевски. Оваа бизнис зделка не се реализирала, но обвинителството сепак го повика денеска како сведок бизнисменот Гечев, најверојатно со интенција пред судот да покаже што повеќе детали за тоа кому и како биле нудени атрактивни парцели на Водно.

И сведокот Татјана Стојановска, сведочеше дека не се сретнала со Груевски кога била направена продажбата на становите. Таа во вкрстеното испрашување од одбраната на Груевски рече дека немала ни телефонски контакт со поранешниот премиер.

На прашање на адвокатот на Груевски дали се согласува дека само може да претпоставува дека становите ги користел Груевски, Стојановска одговори потврдно. Освен Стојановска на денешното рочиште сведочеше и сосетката на Груевски која на луѓе блиски до сега обвинетиот функционер продала стан од 57 квадратни метри.

Стојанка Митреска

Бизнисменот Гечев Плацеви на Водно случај сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.