Со почеток во 19 часот, во повеќе градови во Македонија, Граѓанското движење за Македонија организираше мирни собири за како што велат, да и се заблагодарат на полицијата за безбедноста.
ГДОМ најави дека собири ќе има во 23 градови и тоа на плоштадите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Ресен, и во Скопје на три локации – во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).
Пред станицата „Пролет“ во Кисела Вода се собраа неколку илјади граѓани кои беа предводени од моторџии.
Граѓаните извикуваа „Македонија, Македонија“, а потоа пеејќи ја националната химна вееја знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Благодариме херои“.
.jpg)
Една од граѓанките пред станицата беше дочекана од полициски службеник на кој таа му го предаде македонското знаме, заблагодарувајќи му се за професионалноста на македонските полицајци.




