Под мотото „ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ!“, овој петок во скопскиот кафе – бар „Цреша“, Блесок ќе ја промовира долго очекуваната книга на Д.А. Лори, насловена „Будење во трето лице еднина“.
Организаторите најавуваат будење со стиховите на Лори кои ќе ви ги понудат Ирена Ристиќ, Верица Недеска-Трајкова, Румена Бужаровска, Тања Сладиновска, Александар Донев и Горан Станковиќ (специјален претставник од „Санаториум“).
Промоцијата почнува во 20 часот.