Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блокада со Косово: Падна цената на црвената пиперка

0
By Нова ТВ on September 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 11, 2013 14:09

Од утринава цената на црвената индустриска пиперка во Струмичкиот регион паднала од 22 на 10 до 14 денари по килограм. Тоа е цената по која што пиперката може да се купи на струмичкиот кванташки пазар, а откупната цена е уште пониска велат производителите. Земјоделците се шокирани. Сметаат дека ситуацијата со ембаргото со Косово и блокадата на границата најверојатно го предизвикале овој драстичен пад на цената на пиперката.

-Претпоствуваме дека до ваква ситуација дојде бидејќи се намали извозот, а границата со Косово е блокирана. Ќе чекаме до утре да видиме што ќе се случува, за потоа да реагираме изјави за НОВА Ристо Велков од Регионалниот Сојуз нa синдикати на земјоделски производители.

Велков ги потврди информациите до кои дојде НОВА дека голема количина на пиперки од утринава останале непродадени. Земјоделците се револтирани, велат дека трошокот за производство на пиперката е поголем од откупната цена. Во сезона на ек на познатата струмичка пиперка која се користи за ајвар и за индустриско производство, падот на цената е нов голем удар по грбот на земјоделските производители.

Веке трет ден трае блоката на камионџиите од „Макамтранс“ кои поради револтот за ембаргото на македонските производи од страна на Косово ја блокираа границата кај Блаце. Границата се поминува само пеш поради километарските долги колони од возила.

И покрај дожливото време ситуацијата денеска остана непроменета. Според проценките на експертите поради ваквата ситуција, Македонија дневно губи околу еден милион долари.

Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска побара од Здружението на транспортери „Макамтранс“ итно да ја деблокира македонско-косовската граница. Бизнисмените од оваа комора бараат да се преземат конкретни мерки за изнаоѓање решение преку институциите кои ги претставуваат двете држави.

„Ниедна блокада на границата не може да се деблокира со нови блокади, затоа секоја иницијатива од овој вид само придонесува кон влошување на ситуацијата, која и така е економско и социјално лоша во земјата. Иницијативите од ваков вид уште повеќе ја зголемуваат иритацијата кај локалното население, која може да се случи многу брзо да ескалира, додека последиците може да бидат различни. Во оваа фаза се бара зрелост кај сите страни и да седнат на маса за да се најде итно решение и одржливо меѓу владите на двете земји“, се вели во соопштението од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Македонската влада синоќа одржа вонредна седница токму на оваа тема, но според неофицијални информации, не е донесена одлука за никакви нови мерки.

Поради ограничениот увоз на пченица од македонска страна, косовската влада пред неколку дена воведе забрана за увоз на одредени македонските производи. Македонската влада, по ова воведе тарифи за влез на граѓани, автомобили и камиони на што Косово возврати со ембарго за сите македонски производи.

На граничниот премин Блаце денеска ќе се одржи и собир на граѓани кој го организира невладината организција „Движење за заедничка визија“. Тие ќе побараат владите на двете земји со преговори да најдат трајно решение за решавање на проблемот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.