Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блокадата на Чешка и Словачка е удар и за германското ЕУ-претседателство

0
By Нова ТВ on December 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германското претседателство во последниот период вложуваше интензивни напори да ја придвижи Бугарија за попуштање во спорот со Северна Македонија, но владата во Софија остана тврдо на својот став, пишува агенцијата ДПА, пренесува Дојче веле.

Германската влада на крајот од своето шестмесечно претседателство со ЕУ доживеа уште еден неуспех. Чешка и Словачка вчера го блокираа усвојувањето на важниот текст– заклучоците за напредокот на Западен Балкан во процесот на проширувањето на ЕУ. Претходно Бугарија стави вето на усвојувањето на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, што истовремено го блокираше и исто така планираното отпочнување на пристапни преговори со Албанија.

Ситуација се смета за прилично проблематична, со оглед на тоа што земји како Русија, Кина и Турција се заинтересирани за привлекување на  балканските држави на своја страна.

Бавните напредоци во изградбата на односи со ЕУ можат да водат и кон запоставување на од Брисел бараните реформи за поголема демократија и владеење на правото.

Оттаму разбирлива е фрустрацијата која вчера беше присутна кај дипломатите на ЕУ. „Трагично е за Западен Балкан што во политиката на проширување повеќе табори во ЕУ меѓусебно се блокираат”, се вели во Брисел. Тоа испраќа „катастрофален сигнал” кон Балкан и отвора шанса за други актери.

Посебно незадоволство се изразува што амбасадорите од Чешка и од Словачка во средата се согласиле со текстот на заклучоците, а вчера ја повлекле согласноста и ставиле вето. Главна причина за сегашната блокада во однос на политиката кон Балкан претставува спорот меѓу Бугарија и Северна Макеоднија околу делумно заедничката историја. Бугарија ја обвинува Северна Македонија за „кражба на историјата”, одбивајќи да го признае македонскиот јазик за посебен, туку Софија го смета за бугарски дијалект.

Чешка и Словачка синоќа го образложија своето вето со лутината поради блокадата на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Освен тоа, тие конкретно критикуваат што на притисок од Бугарија во заклучоците е вметнат дел за спорот околу историјата со Северна Македонија.

Германското претседателство во последниот период вложуваше интензивни напорида ја придвижи Бугарија за попуштање во спорот со Северна Македонија, но владата во Софија остана тврдо на својот став. Во балканските земји кои аспирираат за влез во ЕУ покрај Србија и Црна Гора спаѓаат и Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. Со Србија и Црна Гора веќе официјално се водат преговори за прием, а за Северна Македонија и Албанија, по повеќемесечни интерни дискусии во ЕУ, пролетоска беше донесена одлука за почеток на преговори. БИХ досега се сметаат само за потенцијални кандидати за преговори со ЕУ, пишува ДПА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.