Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блокирај ја омразата, сподели љубов!, Советот на Европа и ЕУ со пораки од Скопје

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Борбата со говорот на омраза е неопходна во нашето општество, но воедно е и должност на секој граѓанин, кој како единка има исклучителна важност и значајна улога против дискриминацијата и обезбедување слободно и разновидно општество“.

Ова беше  главната порака на јавниот настан во Градскиот парк во Скопје организиран денеска во рамки на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ која се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата.

Розите како симбол на љубовта и хармонијата беа главна тема на оваа активност која на едно место ги собра младите активости, младите европски амбасадори, дел од амбасадорите против говор на омраза и поддржувачите на кампањата.

Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за различните форми на говор на омраза и дискриминација кои се насочени кон одредени заедници и поединци, како и да промовира различни начини за борба против говорот на омраза, пред сè преку ширење позитивни пораки за прифаќање и почитување на различностите, преку симболично „споделување на љубовта“ со црвени рози.  

„ Особено внимание треба да се обрне на говорот на омраза кој е насочен кон новинарките и медиумските работнички, зашто токму овој родов аспект на говорот на омраза ни покажува каде сè ние треба да се посветиме во ова желба за блокирање на омразата, а споделување на љубовта,” истакна Огнен Јаневски, водител и амбасадор против говор на омраза. 

Денис Јанкуловски, медицински работник, добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2021 година и амбасадор против говор на омраза ги сподели своите видувања со присутните: 

„ Невнимателно избраните зборови и тоа како знаат да влијаат врз оние кон кого се насочени, дури и неверојатно е дека постојат такви зборови. Затоа ние мора секојдневно да бидеме што погласни во препознавањето, осудувањето и потиснувањето на овој говор и нашиот глас да биде слушнат. Треба да укажуваме дека многу поубаво секој ќе се чувствува кога говорот ќе му биде исполнет со убавини, со пријатни зборови, со почит кон секого, без разлика што не се согласуваме во некои ставови и размислувања.“ – истакна тој. 

Лејла Дервишагиќ, раководителка за оперативно работење на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје истакна дека „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ е заедничка заложба на Советот на Европа и Европската Унија со цел да ја поддржат борбата против говор на омраза.

„Преку оваа кампања би сакале да бидеме поблиску до граѓаните и да ја испратиме пораката дека љубовта е алтернатива на омразата. Сите можеме да се бориме против говор на омраза преку споделување на нашите заеднички европски вредности како толеранција, почит кон останатите, љубов и посветеност кон тоа да живееме во општество без омраза.“ – рече таа.

Кампањата за подигање на свеста „Блокирај ја омразата; Сподели ја љубовта“, се спроведува во  во Северна Македонија од декември 2021 година, а целта е да се информира широката јавност за опасноста од говорот на омраза и начините за борба против него.

Оваа иницијатива за подигање на свеста е проширена „онлајн“ преку веб-страницата и каналите на социјалните медиуми, како и преку разни отворени јавни настани. Кампањата вклучува истакнати јавни личности, институции и реномирани активисти за човекови права, кои промовираат разлноликост и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија”, кој е дел од  програмата  „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022″, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа.

 

ЕУ Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.