Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага

0
By Томе Христов on April 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 2, 2014 14:59

Работата на автопатот Демир – Капија Смоквица е речиси блокирана. Единствено се работи на тунелите пред Демир Капија, а сета останата работа е прекината. Извори на НОВА во подружницата на „Актор“ тврдат дека сметките им биле замрзнати и голем дел од работниците морале да бидат пуштени дома.

НОВА праша за потврда во Министерството за финансии дали и зошто се блокирани сметките, но одговор се уште нема. Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев кого го побаравме за да ни одговори на шпекулациите дека наводно голем број од отпуштените работници утрово бил и кај него, одговори дека такво нешто не се случило, но потврди дека и до него стигнале информациите за блокираната сметка на „Актор“ директно од раководството на компанијата.

„Застој има, така ми кажа еден од одговорните Грци во подружницата на „Актор“, чекале разврска од инспекцијата зошто им била блокирана сметката. Тој вели дека нема потреба од узбуна, ако не ја одблокирале за недела дена ќе направеле напори директно од Атина да ги исплаќаат луѓето. Колку што знам од нивните кажувања, ратите од ЕУ редовно се исплаќале, а отприлика 250 Грци и Албанци биле отпуштени неделава поради сметките“, вели градоначалникот Димитриев кој ги следи состојбите со оглед на тоа дека голем број жители на Демир Капија од тука го вадат лебот.

Загриженост за менаџирањето на средствата од ЕУ со кои се гради дел од автопатот доаѓа и од Европската комисија која за оваа делница даде неповратен грант од 45 милиони евра.

„Во овој случај одговорноста за правилно спроведување на договорите, како и финансирањето од ЕУ лежи во Министерството за финансии. Во однос на ИПА фондовите, Комисијата го задржува правото да преземе соодветни мерки за да го заштити буџетот на ЕУ. Комисијат е целосно свесна за извештаите во печатот. Сите наводи за погрешно работење трба да бидат истражени од страна на властите“, вели за НОВА Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

НОВА разговараше и со дел од работниците кои беа ангажирани на работата на овој пат. Тие тврдат дека отпуштањат почнале уште пред една недела, кога речиси половината од грчките работници биле вратени дома, назад во Грција, а се пуштиле дома и добар дел од македонските работници. Во моментов, според нивните кажувања, околу 80 работници се отпуштени, иако им нагласиле дека отпуштањето „може да е привремено“.

„Претходно имавме договори на 3 месеци. Откако се појави аферата во медиумите, договорите ни ги направија на еден месец. Не сме пријавени, не исплаќаат преку авторска агенција, месец за месец. Последниот месец дури и ни ги намалија платите за половина, претходно зимавме од 300 до 500 евра, зависи кој што работи, сега земавме двојно помалку и еве, не пратија дома, не се знае до кога“, раскажува за НОВА работник кој сакаше да остане анонимен поради страв да не не биде повторно ангажиран.

Работниците раскажуваат и дека случајот Актор се користел и за политичка пропаганда од партиите на власт

„Доаѓаат и ни викаат, ако победи СДСМ, одма ова се ќе биде затворени, ќе ги избркаат Грците. Ама ова автопат е, и странски пари се дадени, дали може баш така не знам“, раскажуваат работниците.

Од „Актор“, како и од Минситерството за финансии одбиваат официјално да кажат што се случува со работата на оваа делница.

Автопатот Демир Капија – Смоквица се гради со 130 милиони евра средства од Европската инвестициона банка, 45 милиони евра од грант кој го обезбеди директно Европската комисија, а Европската банка за обнова и развој одобри кредит од 107 милиони евра.

Аферата „Актор“ ја отвори позициската партија СДСМ која обелодени дека грчки државјани имаат извлечено повеќе од три милиони евра во кеш. Грчките државјани организирано во автобус доаѓале во Неготино и во присуство на директорката на „Актор“ го подигале кешот, а потоа, според СДСМ, тој кеш и бил предаван назад на директорката Атиона Зиога и не ги напуштал границите на земјава.
Истрага најави и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.