Нови Сад: Возач кој вечерва излетал од коловозот во војводинскиот главен град повредил четворица тинејџери, од кои тројца се малолетни, а една е девојка.
Според неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот на автомобилот излетал од патот и налетал на група млади луѓе на автобуска станица на улицата „Темеринска“.
Шеснаесетгодишно девојче е повредено и пренесено во Детската болница на операција, 17-годишно момче се здобило со сериозни политрауматски повреди и е донесено во Детската болница во свесна состојба, каде што е примено и друго 17-годишно момче.
Повредено е и 19-годишно момче, кое е префрлен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина.