Потврдувајќи дека во Буџетот за наредната година предвидени се средства за брзиот автобуски превоз во износ од 246 милиони денари, и дека проектот кој го почна претходниот градоначалник Петре Шилегов е веќе во тендерска постапка, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ја повика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да ги преиспита најавите за откажување од проектот.
– Би сакал да потенцирам дека тендерската постапка за овој проект е во тек и сакам да го упатам апелот до Град Скопје да ги преиспита најавите за откажување на овој проект“, рече Бочварски.
Од друга страна пак, скопската градоначалничка кажа дека за јавниот превоз во Скопје има друго решение.