Богоев рече дека нема амбиции да биде лидер на СДСМ, туку сега приоритет е да се стабилизира владеачкото парламентарно мнозинство.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев, во синоќешниот дебатен магазин „КликПлус“ на ТВ21 изјави дека неговите информации укажуваат на промена на пет министри и еден вицепремиер во Владата на Зоран Заев.
– Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно, ќе добие министер во владата. На кое министерство – ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од една третина од Владата, тогаш паѓа Владата. Моите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и, евентуално, еден вицепремиер, за да биде реконструкција, рече поранешниот градоначалник на Карпош.
Во реконструкцијата на Владата би влегла Алтернатива на Африм Гаши со четири пратеници на местото на Беса.
Богоев рече дека нема амбиции да биде лидер на СДСМ, туку сега приоритет е да се стабилизира владеачкото парламентарно мнозинство.