Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоевски и адвокатите проневериле над милион евра

0
By Нова ТВ on April 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2013 14:37


Министерството за внатрешни работи денеска ја реализираше Оперативната обработка „Агент“ со која се документираа малверзации околу градежното земјиште лоцирано на атрактивна локација во близина на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Поради основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела како „„перење пари и други приноси од казниво дело“, „фалсисификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, поднесена е кривична пријава против шест лица од кои петмина се македонски државјани и еден државјанин на Република Словенија. Осомничените се јавуваат во својство на сопственици и управители на фирми, но и како физички лица кои учествувале во извршувањето на кривичното дело.

Имено, според досега документираните сознанија, пријавените искористувајќи го раскинувањето на Договорот за доделување на градежното земјиште на користење, склучен во 2000 година помеѓу Министерството за урбанизам и градежништво на РМ и фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, Кипар, а со цел да прикријат незаконски стекнати парични средства во износ од 62.855.196,00 денари, изготвиле Договори со невистинита содржина помеѓу дел од нив и фирми во нивно владение, за наводно посредување за раскинување на споменатиот Договор, кој претходно веќе бил раскинат притоа сторувајќи ги напреднаведените кривични дела.

Првопријавениот В.Т.(39) од Скопје, како адвокат и полномошник на фирмата „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, три месеци пред раскинување на договорот формирал фирма во Скопје со идентично име „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје. Договорот за земјиштето со кипарската фирма од страна на Мистерството за транспорт и врски бил раскинат на 03.03.2009 година, заради неисполнување на обврските.

Веќе наредниот ден по раскинувањето на Договорот, односно на 04.03.2009 година, со фирмата „Инвестмент Интернационал“ ДОО Скопје, која е во сопственост на Меркатор Словенија, а управувана од пријавениот словенечки државјанин, адвокатот склучил Договор во име на кипарската фирма, а во понатамошната содржина на Договорот наместо „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија, стоело „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ ДООЕЛ Скопје. Сомненијата се дека целта на ваквиот договор била парачните средства кои „Инвестмент Интернационал“ треба да ги префрли на „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“ од Никозија по основ на обештетување за наводно направени трошоци за користење на земјиштето, да бидат префрлени на скопската „Централ Балкан Инвестмент ЦБИ“, во сопственост на адвокатот.

Инаку словенечката фирма била заинтересирана за купување на предметното земјиште, а подоцна и го купила земјиштето од Република Македонија. На овој начин паричините средства согласно Договорот од 04.03.2009 година, никогаш не биле префрлени на сметката на кипарската фирма, туку на фирмата со идентично име од Скопје, сопственост на адвокатот, а управувана од петто пријавениот А.Ј.(29) од Скопје.

Во ова му помогнал словенечкиот државјанин, управител на „Инвестмент Интернационал“, со тоа што иако знаел дека парите треба да бидат префрлени на Кипарската фирма, ги префрлил на фирмата од Скопје со иднетично име. Откако паричните средства биле префрлени на сметката на скопската фирма, со цел да се прикрие потеклото, пријавениот адвокат склучува Договори со невистинита содржина за наводно посредување за раскинување на предметниот Договор (кој претходно веќе бил раскинат) со фирмите Интерпарт Ком ДООЕЛ Скопје, сопственост на второпријавениот В.П.(43), а управувана од четвртопријавената Д.Т.(30) и со физичкото лице, третопријавениот С.Б.(62).

Врз основа на вака склучените Договори, на лична сметка на физичкото лице во двата наврата во јули 2009 година од фимарата на првоосомничениот му се префрлени вкупно 28.670.000,00 денари, од кои пријавениот 17.500.000,00 денари ги подига во готово, а 2.860.000,00 денари повторно ги враќа на сметката на скопската фирма, додека 8.000.000,00 денари остануваат на неговата лична сметка.

Првопријавениот склучува ваков Договор и со фирмата „Интерпарт Ком“ ДООЕЛ Скопје на која и се префрлени парични средства во износ од 24.260.000,00 денари. Управителката на „Интерпарт Ком“ ДООЕЛ Скопје за да го реализира овој Договор склучува Договор со второпријавениот кој иако фигурира како сопственик, како адвокат требало да посредува во раскинувањето на предметниот Договор за што му префрлила износ од 17.940.900,00 денари.

Денеска, врз основа на Наредби од Истражен судија од слобода се лишени четири лица, а по две сеуште се трага.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.