Политичката нестабилност што трае скоро три месеци и неизвесноста од скорешна разврска ќе има негативно влијане врз економијата, оценува гувернерот на народната банка Димитар Богов. Во пресрет на новите мајски економски проекции, Богов без конкретен одговор дали политичките „бомби“ ќе влијаат да се оствари проектираниот економски раст од 4,1 %, jaвува 24 вести.
Новиот долг од 120 милиони евра што Владата го направи за само три месеци, задолжувајки се на домашен терен нема да има влијане врз економијата, оцени гувернерот Богов.
Според анализите на НБРМ падот на цените ќе сопре, а веќе следната година ќе имаме инфлација од 1, 2 %. Гувернерите од регионот, на денешната трибина го посочија слабиот и нерамномерен развој како клучен предизвик, а економиите не смеат да отстапат од структурни реформи.