Зголемувањето на надворешната задолженост за речиси 113 милиони евра за три месеци или за 522 милиони евра споредено со крајот на 2013 година не ја загрижува Централната Банка. Не е за загрижување ниту фактот што Македонија е високо задолжена земја во континуитет од 2005 година наваму, според показателот за учество на надворешениот долг во БДП, кој е еден од индикаторите со кои НБРМ ја анализира задолженоста.
Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, вели дека во надворешниот долг има повеке категории, трговски кредити и кредити мегу поврзани субјекти кои се всушност странски инвестиции, така што голем дел од нашиот надворешен долг е на овие две позиции, трговските кредити чие зголемување е повисоко и надворешни односи што е позитивно. Надворешниот долг не е загрижувачки зошто две компоненти отпаѓаат на овие две перформанси.
Бруто надворешниот долг заклучно со јуни достигна 5,74 милијарди евра или 71,7% од проектираниот БДП за оваа година и тој не ја содржи еврообврзницата од 500 милиони евра.