Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богов: Нема место за паника, банките се стабилни

0
By Нова ТВ on June 29, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Банкарскиот сектор во Македонија е отпорен на шокот предизвикан од ситуацијата во Грција, банките работат најнормално и нема причини за загриженост. Ова денеска го истакна гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, на прес-конференција посветена на состојбите со грчката економија и на можните рефлексии врз македонските банки и врз компаниите, јавува новинската агенција МЕТА.

Поради ситуацијата во Грција, Народната банка вчера воведе посебни заштитни мерки со кои дополнително се спречува одлив на капитал од Македонија кон оваа држава.

– Според Законот за банки, има ограничување, според кое, домашните банки не може да се изложуваат кон матичните групации со повеќе од 10 проценти од нивниот капитал. Пред две години донесовме и една мерка со која за секоја изложеност кон земји кои имаат кредитен рејтинг понизок од Б-, ќе мора да издвојат 50 проценти резервација. Со вчерашната одлука на Народната банка, целосно ги затворивме вратите за можен одлив на капитал од Македонија кон Грција. Македонските банки и компании нема да можат да даваат позајмици и да вложуваат од Македонија кон Грција – изјави гувернерот Богов.

Грчките граѓани ќе можат да подигнуваат пари од банкоматите во Македонија, во согласност со утврдениот лимит на картичките, а истото се однесува и на македонските граѓани во Грција.

– Тие можат да подигнуваат пари од банкоматите во Грција во согласност со лимитите што ги има поставено нивната матична банка, односно издавачот на картичката. Лимитот во Грција не се однесува на македонските граѓани -појасни Богов.

Доколку дојде до целосен крах на банкарскиот систем во Грција и се случи најцрното сценарио, Богов уверува дека тоа ќе биде лошо за грчката економија, но не и за нас, бидејќи домашните банки работат според наша законска регулатива.

Но, и покрај тоа што македонскиот банкарски сектор не може да се зарази од грчката криза, економијата по трговски пат може.

– Кризата може да удри по компаниите со тоа што ќе се намалат побарувањата за нашите производи, бидејќи куповната моќ на Грците ќе биде намалена. Но, секоја година со Грција, се намалува извозот, се зголемува увозот. Во 2007 година Грција била наш втор извозен пазар, а сега не е ниту меѓу првите пет. Во 2007 година извозот кон Грција изнесувал 12 проценти од вкупниот извоз, а сега таа бројка е 5 проценти – објасни Богов.

Гувернерот истакна дека активата на двете грчки банки во Македонија е 22 проценти од вкупната банкарска актива, нивната ликвидност е одлична со капитал поголем од 16 проценти, што е двојно повисоко од потребното ниво.

Грчките инвестиции досега изнесуваат 433 милиони евра, но од почнувањето на кризата во 2008 година тие се сведени на минимум. Минатата година нето-приливот бил 3,5 милиони евра, а од почетокот на годината тој изнесува 300.000 евра.

За разврската на грчката криза лично смета дека кредиторите оставиле отворени врати, но од политичарите зависи дали ќе го прифатат понуденото и ќе ја извлечат земјата од криза.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.