Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богов: Нема одлука за зголемување на каматите за кредитите

0
By Нова ТВ on May 25, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавите за зголемување на каматните стапки за кредитите – гувернерот на Народната банка ги нарече дезинформации. Богов во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека кога пред пратениците зборувал за зголемување на каматите, всушност објаснувал хипотетичка ситуација, во случај политичката криза да продолжи, а не дека кажал дека веднаш ќе се посегне по зголемување на каматите.

-Таа негативна спирала ќе почне да се врти, уште помалку инвестиции, уште помала потрошувачка, нема создавање на нови работни места, можно е да дојде до намалување на платите и влегуваме во една спирала којашто многу веројатно во еден период, тоа нема да се случи денеска или утре, меѓутоа во втората половина на годината веќе ќе имаме ситуација кога македонската економија би се соочила со рецесија, нормално ако продолжи оваа политичка неизвесност или уште ако ескалира.

Во таква ситуација, може да дојде во прашање и ценовната стабилност. Искуството во Македонија покажува дека секогаш кога има рецесија обично има и притисоци врз макроекономската стабилност. Во таква ситуација, Народната банка, според закон, има обврска да ја одржи ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. Инструментите коишто нам ни стојат на располагање се каматните стапки, задолжителната резерва, макропрудентните мерки.

Ние ќе го преземеме она што мора да го преземеме за да ја зачуваме стабилноста во една таква хипотетичка ситуација. Она што беше пренесено, беше пренесено дека гувернерот уште утре ќе ги зголеми каматите, што е сосема различно од она што беше кажано, рече Богов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.