Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боки 13 преку јавен обвинител рекетирал осомничени во истраги

0
By Нова ТВ on July 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 15, 2019 17:40

Јавното обвинителство отвора истрага против Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец, за примање награда за противправно влијание и за перење пари.  За двајцата се бара притвор.

Обвинителството водело предистрага за овие две лица од 2 мај годинава, а прибраните вербални и материјални докази веќе се основ за да се поведе истрага – рекоа на прес конференција во Јавното обвинителство. Случајот во обвинителство го пријавило лице кое сега е сведок во постапката.

Првоосомничениот Бојан Јовановски од ноември 2018 до април 2019 искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител ветувал дека ќе запре истражна постапка која се водела против  сведокот. Двајцата осомничени неколкупати се сретнувале со сведокот во неговиот дом и во домот на првоосомничениот, а контакти имало и преку сопругата на сведокот.

На средбите осомничените го уверувале севдокот дека  имаат влијание врз обвинител и дека можат да ја запрат постапката или да му обезбедат олеснителни околности. Оосмничените примиле и пари како награда за посредувањето во висина од 1,5 милиони евра.

Според обвинителката Вилма Рускоска „осомничените прво побарале  8.000.000 евра за да се запре истражната постапка, а доколку таа не биде запрена, тогаш во насока на изнаоѓање на олеснителни околности, сведокот требал да им исплати 5.000.000 евра, со тоа што веќе дадените 1.000.000 во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири месечни рати“.

Кога Јовановски се посомневал дека може да се води истрага и против него, ги прекинал сите контакти со сведокот.

Тој е осомничен и за перење пари затоа што претходно примените пари од кривичното дело ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и со нив купувал предмети, облека и уплаќал одмори, суми кои драстично ги надминувале неговите приходи.

За второосомничениот се уште се води финансиска истрага, каде ги трошел парите.

Обвинителката Рускоска рече дека во овој случај биле применети мерки следење.

Јавниот обвинител на кој се повикувале осомничените не е повикан на распит, но не е исклучено истрагата да се прошири и за други лица.

„Во овој случај две лица се осомничени за тргување со влијание да се запре постапката што ја водел обвинител. Друго е прашањето дали ветувањата се оствариле или не“ рече Јовески, додавајќи дека „истрагата продолжува за да се утврди кој се е оштетен и кој се влијаел“.

Обвинителите повикаа да се пријават и другите оштетени лица на кои двајцата осомничени им ветувале дека преку јавен обвинител ќе им ја олеснат запретената казна.

Од Обвинителството не го откриваат името на обвинителот, но Јовески рече дека него не го штити имунитет.

На новинарско прашање, дали денешната оставка на шефицата на СЈО Катица Јанева има врска со случајот, Јовески рече дека тоа е нејзин личен чин и натаму не можат да коментираат.

me>

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.