Батуми: Фемке Бол од Холандија и Арманд Дуплантис од Шведска се прогласени за најдобри атлетичари за 2025 година.
Свеченоста се одржа во грузискиот град Батуми, a изборот беше организиран од страна Европската атлетска федерација.
Дуплантис оваа година по третпат стана светски првак во скок со стап и по 14-ти пат постави светски рекорд со 6.30 метри, додека Фемке Бол ја одбрани светската титула на 400 метри со пречки.
Наградата за „ѕвезди во подем“ им припадна на Одри Веро од Швајцарија и на Хуберт Трошчианк од Полска.

