Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болните во Бардовци во нов објект, државата го врати долгот на фирмата

1
By Менче Атанасова Точи on September 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Болните од Психијатриската болницата во Бардовци кои седум години се раселени од зградата каде што престојувале, за три месеци ќе можат да се сместат во новата зграда чија изградба беше стопирана во декември минатата година.

Причина за стопирање на изградбата беше затоа што Министерството за здравство во време на екс министерот Тодоров одбило да и плати на фирмата Ингра АД Загреб која вршела реконструкција на објектот, поради што тие го тужеа Министерството и бараа да им се исплати долгот од 900 000 евра.

Откако НОВА ја објави сторијата Министерството за здравство одлучило да го исплати долгот, а фирмата се обврзала во рок од три месеца да го пушти објектот во употреба.

Од Ингра АД Загреб за НОВА потвдрија дека веднаш по склучување на Анекс договорот за градење и по исплатата на парите, тие ги повлекле тужбите со што се прекинати сите судски постапки против Министерството за здравство.

Како што веќе објави НОВА поради незаинтересираност на поранешното раководство во Министерството за здравство кое не ги плаќало сметките кон изведувачот “Ингра“ АД од Загреб, реконструкцијата на објектот се развлекла со години за во декември минатата работата да биде стопирана.

Како што неофицијално дознава НОВА,  Проектната единица која е под Министерството за здравство извршила пренамена на овие средства. По брза интервенција сега парите биле пронајдени и дадени за тоа што се наменети.

Инаку, голготата на околу 70 пациенти од четвртото и петтото машко одделение трае седум години, период во кој тие живеат раселени по други одделенија и егзистираат во несоодветни услови, во соби кои што се пренатрупани со болни.

Овие болни се во многу тешка здравствена состојба и живеат зад решетки во болницата каде најчесто остануваат до крајот на животот.

Инаку, реконструкцијата на првото, четвртото и петто машко одделение е реализирано со кредит од Централна Европската Банка. Доколку до крајот на годината не завршеше изградбата на овој објект ќе пропаднеа парите добиени од ЦЕБ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.