Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болницата во Дебар: Има доволно заштитна опрема за 4 дена, трошењето е под контрола

0
By Менче Атанасова Точи on March 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2020 14:45

Заштитната опрема за медицинскиот персонал сега е централизирана, под клуч бидејќи земал кој како ќе стигне за свои блиски во банки, продавници, шалтери

Во Медицинскиот центар во Дебар има заштитна опрема за медицинскиот персонал и таа е доволна за 4 до 5 дена. Ова за НОВА го потврди доктор Миле Босилковски, професор и инфектолог од Инфективната клиника во Скопје кој се наоѓа во Дебар, жариштето на епидемијата. Тој денеска бил во Кризниот штаб и лично да има соопштил дека за медицинскиот персонал има заштитна опрема доволна за неколку дена и дека нема потреба да се крева паника.

Неговата реакција доаѓа по вчерашната изјава на Хекуран Дука, градоначалник на Дебар и одговорен во Кризниот штаб кој апелираше до Владата итно да се обезбеди поголема заштита за здравствените работници во општината.

„Бев денес во Кризниот штаб и им соопштив дека нема потреба да се крева паника ниту меѓу медицинскиот персонал ниту меѓу граѓаните. Заштитна опрема имаме доволно најмалку за четири дена. Имаме маски, капи, заштитни наочари, хируршки ракавици, заштитни престилки, добивме и околу 50 скафандери. Таа опрема не е во аптеката туку е централизирана за да се има контрола во трошењето“, изјави Босилковски за НОВА.

Како што дознаваме,  претходно немало контрола како се троши затитната опрема, па секој си земал како ќе стигнел, преку врски за потребите на своите блиски во банки, шалтери, продавници. Сега на ваков начин, потенцираат од болницата, се води строга контрола како с е троши медицинскиот материјал кој е наменет исккучиво за медицинскиот персонал.

Во медицинскиот центар  во Дебар кој денеска е зајакнат со уште еден пулмолог и педијатар од Скопје, сомнителните случаи се закажуваат и во тие неколку часа се прегледуваат што повеќе пациенти и им се земаат брисеви. Заболените откако ќе се докажат со тестирање, во зависност од тежината на состојбата се праќаат на Инфективната клиника во Скопје или остануваат во Дебар.

Во Дебар веќе три медицински сестри и двајца доктори се заразени со коронавирусот, но тие се од приватна здравствена установа. Вчера министерот Филипче посочи дека концесионерите и приватните лекари треба сами да си обезбедат заштитна опрема затоа што не се во државно здравство, туку концесионери.

Босилковски вели дека доколку правилно се употребува заштитната опрема нема потреба од стравување за зараза на медицинскиот персонал.

Професорот Босилковски, самиот се пријави да помогне во кризниот регион во Дебар и го даде на располагање сето свое знаење и моќ, за да помогне во жариштето на епидемијата каде што најпрво беше прогласена вонредна состојба. Градот е блокиран и во него никој не може да влезе и излезе, освен возилата за доур на храна и лекови.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.