Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болницата во Козле без техничка дозвола-пожарот укажа на пропустите

0
By Менче Атанасова Точи on November 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 1, 2018 19:09

Електричните инсталации, кои биле вградени за време на изградбата на Детската болница во Козле постојано покажуваат нови недостатоци, тврди менаџментот на болницата. Од таму укажуваат дека болницата има и други аномалии, покривот тече кога надвор врне, што е недозволиво во болница каде се лекуваат деца, а денешниот пожар во тоалет од стопени жици за аспиратот кои не биле изолирани , само е кулмунација на сето тоа.

Раководството на болницата реагирало уште минатата година во месец септември до Проектната единица на Министертвото за здравство за сите неправилности во изведбата на болницата, која е нова и пуштена во употреба пред само три години.  НОВА од свои извори дознава дека болницата е оставена сама на себе со свои финансиски средства да се справува со оваа ситуација иако за изградбата се одобрени и  вложени големи финансиски средства од кредит од Банката на Совет на Европа. Болницата ја градеше фирмата„ Урбан План Констракшн“, а од самиот почеток изградбата ја следат скандали.

Директорот на болницата Ангелчо Андоновски уште минатата година реагираше бидејќи болницата немала техничка дозвола и без да помине технички прием на требала да биде пуштена во употреба.

Објектот чини фантастични 7 милони евра, а во брзање и без технички прием  на 13.12.2015 година во употреба ја пушти екс премиерот Никола Груевски заедно со тогашниот министер за здравство Никола Груевски.

Една година подоцна во јавноста почнаа да реагираат жителите на Козле, кои се жалеа на неподносливата смрдеа од канализацијата која била неправилно изведена, така што одводната канализација и феклиите истекувале по каналот, надворешно. Смреата не само по околните куќи се ширеше и во дворот на самата болницата каде што се лекуваат деца кои имаат проблеми со дишните патишта.

Проверка на состојбата во болницата никогаш не била извршена од страна на Проектната едница при Министерството за здравство, тврдат двајцата директори Ангелчо Андоновски и Ријад Алими.

Заложбата да се преземат мерки доаѓа токму од сегашното раководство кое постојано алармира до изведувачите. Менаџментот на болницата вели дека денешното случување со пожарот во купатилото, за среќа не е со фатален карактер и балгодарение на спремноста на вработените и Единицата за пожарна заштита избегнат е поголем инцидент.

“Пламен немаше но, паниката беше предизвикана повеќе на социјалните мрежи од страна на оние кои се директно инволвирани во самата изградба на објектот. Тоа беше непотребна паника и намерна пакост. Болницата има потреба од ревизија на се што е постоечко во неа поради фактот што се работи за нова болница за деца, за чии животи некој претходно не размислувал“, изјави за НОВА директорот Ангелчо Андоновски.

Топењето на електричната инасталација во еден од тоалетите и причинетата мала штетата, ги вознемири граѓаните, но овој пат помина без поголеми последици. Доколку одговорните, Проектната едница при Министерството за здравство, како и изведувачот на рааботите не преземат мерки за да се поправат пропустите, ќе лебди прашањето како понатаму ќе функционира оваа болница, а која е единствена од ваков вид во државата, а со тоа и опасноста за некој друг можен инцидент.

„

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.