Лидерот на СДСМ Зоран Заев во моментов на Бихаќка објавува нов сет од прислушуваните разговори, поврзани со коруптивни скандали на коалициониот партнер на Груевски, Али Ахмети и партијата ДУИ.
-Со аудио доказите што ќе ги презентираме денеска продолжуваме и конкретно да го откриваме лицето на врвот на ДУИ. Ништо до тоа што го направил Груевски не би можел да го стори без знаење и поддршка а неговиот коалиционен партнер.Причините за нивната трпеливост во власта, примарна цел им била моќта, власт за лични интереси и за пари, вели Заев.Преку поставените луѓе од доверба во случајот станува збор за претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Ахмети посредува на некој бизнисмен да му се продава објект од илјада евра за метар квадратен, вели Заев.
Според Заев, ДУИ добро знаеле дека се прислушувани, па затоа и биле внимателни во телефонските разговори.
Ова е 38. бомба откако опозицијата почна со објавување на прислушуваните разговори кои укажуваат на кримминал и злоупотреба на функција од страна на челниците на власта.
целата прес-конференција може да ја следите на овој линк




