-Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер си зема луѓе од МВР за да му работат во штаб во Охрид каде мора да му работат по секоја цена, со заплашување, со уцена. Протуѓер кај министерката Јанкулоска реагра тие да останат чисти, велат од СДСМ за објавениот разговор кој моментално го следат стотици граѓани во Универзална сала во Скопје.
-Нема да им се случи ништо, ќе останат чисти, ама кај ги одбра Мартин најголемите багабонти во МВР, се слуша женски глас за кој од СДСМ тврдат дека е Јанкулоска.
Во наредниот разговор, Протуѓер истакнува дека ангажираните луѓе од МВР направиле престап, па бара од министерката случајот да се среди, бидејќи бил пријавен во Внатрешна контрола.
По разговорот со него и министерката Јанкулоска се јавува на извесна Ане, да ја потсети да ја завршат работата како што треба, односно да излезат чисти. Од соговорничката добива потврда која вели „се разбира нашите мора да бидат чисти“.
Во моментов на трибината на СДСМ се објавуваат серија снимки од телефонски разговори на кои се слушаат скандалозни разговори околу изборни малверзации.




