„Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, пред две години во Косово организирал средба на вооружената сириска опозиција”.
Бомбастичната изјава е дадена од експертот за безбедносни прашања, Илир Кула, на емисијата „Опинион“ на ТВ „Клан“.
Дебатирајќи за случувањата во Сирија и импликацијата на Албанците што војуваат таму, Кула рекол дека сириската опозиција се сретнала на Косово.
Според Кула, ставот на косовскиот министер за Сирија сега е променет, но пред две години во Косово се сретнала опозицијата на Башар Ал-Асад.
Според Кула, во моментот околу 300 Албанци војуваат во различни вооружени групи.
„Според пишувањата во Србија, само мал дел биле запознаени со режимот на Асад“, изјавил Кула.