Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бонева: Немам ништо криминално направено за да не бидам член на ДИК

0
By Влатко Чаловски on December 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 8, 2015 16:28

Силвана Бонева

Кон крајот на ноември оваа година, заврши огласот за кандидирање за членови во Државната изборна комисија, која и понатаму е предмет на расправа помеѓу политичките партии задолжени за решавање на политичката криза преку Договорот од Пржино.

Во последните преговори, најспорно за партиите е делот за експертите, кои не треба да бидат членови на политичка партија, но сепак поголемиот дел од пријавените кандидати се или приврзаници или симпатизери на партиите.

Кога Комисијата за избори и именувања ја утврди листата, на неа освен имињата на кандидатите како независни експерти, беа запишани и партиски имиња од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Целиот актуелен состав на ДИК, без претседателот Никола Рилковски, повторно се кандидираа за “одлуконосачи“ во најважното тело кога се во прашање изборите.

На листата кандидати од ВМРО-ДПМНЕ се јави и пратеничката Силвана Бонева, што пак резултираше со реакции на социјалните мрежи.

Бонева за НОВА вели, со целосна одговорност пристапува со нејзината кандидатура и подготвена е доколку влезе во Државната изборна комисија, согласно стандардите да ја врши својата должност.

Бидејќи еден од условите, според последните измени согласно Договорот од Пржино, кандидатот треба да исполнува 5-годишно правно искуство, на прашање на НОВА, како го исполнува тој услов, пратеничката Бонева вели, таа поседува диплома од Универзитетот во Штип „Гоце Делчев“, а доставувајќи ги потребните документи, Кадровската комисија истото го потврдила и нема ништо нерегуларно во нејзината апликација за член во ДИК.

Таа вели доколку биде избрана, на денот кога ќе почне да работи и престанува пратеничкиот мандат со што ја напушта и Анкетната комисија задолжена за прислушувањето која почна да работи неодамна а до 15 декември пред неа ќе бидат испрашувани, помеѓу другите и премиерот Никола Груевски како и екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

На прашање на НОВА дали нејзиното членство во ДИК ја компромитира работата на Комисијата бидејќи таа беше инволвирана во т.н “бомби“ кои ги објавуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Бонева вели, нема ништо криминално направено во нејзиниот живот, за што го повикала и Заев да ги докаже неговите тврдења.

– Немам ништо криминално направено. За што да го компромитирам процесот? За сечените материјали на Заев? За тоа што лажеше и ги селектираше материјалите и ги презентираше како што му одговара, нецелосни со сечени делови? Јас немам ништо инкриминирачко направено во мојот живот и со целосна одговорност се кандидирав за да ја извршувам функцијата согласно професионалните стандарди и должноста, вели Бонева.

Од друга страна, досегашниот член од редовите на СДСМ, Виолета Дума е повторно кандидатка за членство во ДИК. Нејзината кандидатура иако е одобрена од Кадровската комисија, согласно Изборниот законик ги исполнува условите за старосна пензија.


Виолета Дума

Дума на новинарско прашање на НОВА за нејзината апликација да биде дел од ДИК, вели е „доволно стручна и не би поднела кандидатура доколку не ги знае правилата“, но ако се земат в предвид личните податоци прикажани на веб-страницата на ДИК, се утврдува дека таа ги исполнува условите за старосна пензија.

Одредбите во Изборниот законик велат, доколку еден член ги исполнува условите за старосна пензија, му престанува мандатот, а потоа се распишува оглас за слободното место за нов член.

Државната изборна комисија и понатаму останува предмет на расправа меѓу партиите. За работните групи, најспорен е делот на експертите, а помеѓу кандидатите, апликации поднеле професорот Стефан Буџаковски, колумнистот и аналитичар Сотир Костов и новинарот и уредник на политичката редакција на весникот Вест, Горан Трпеноски.

Согласно Договорот од Пржино, Комисијата која ќе брои вкупно девет члена, наместо досегашните шест и ќе има зголемени надлежности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.