Претеничката на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева ги отфрли обвинувањата на СДСМ за тоа дека не пријавила стан во Скопје како неосновани и тенденциозни.
„Силвана Бонева не крие ништо ни од Антикорупциската комисија ниту пак од јавноста – секоја промена во мојот Анкетен лист е уредно пријавена, евидентирана и достапна на јавноста. Ако бевте чесни, наместо да ја лажете јавноста дека нешто кријам или дека сум направила нешто незаконско или нечесно, ќе кажевте пред јавноста дека согласно Законот за спречување на корупцијата имам поднесено Пријава за промена на имотната состојба до Антикорупциска комисија на 26.07.2013 год. со која известувам дека сиот недвижен имот на мојот сопруг содржан во претходниот Анкетен лист: куќа со двор во Струмица, викендичка со двор во Дојран и земјоделско земјиште во општините Босилово и Гевгелија, стекнат со наследство од покојните прадедовци, дедовци и родители на мојот сопруг, со договори за дар сопругот ги подари на нашите синови, кои не живеат повеќе во заедничко семејно домаќинство со родителите, со што според Законот за спречување на корупцијата нивниот имот престана да биде составен дел од мојот Анкетен лист“, соопшти координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Бонева додеде дека нема законска обврска да го пријави имото на своите синови.
Таа истакнува оти жали затоа што Антикорупциска, и покрај доставената Пријава од Анкетниот лист, не ја избришала пријавената заштеда на име на синовите, бидејќи била известена дека повеќе не се заедничко семејно домаќинство и ја повика да ја исправат грешката.
„Дали моите синови, едниот софтверски инженер, а другиот магистер по евроинтеграции од Универзитетот во Бон – Германија, како возрасни луѓе кои својата егзистенција веке повеќе години ја обезбедуват во европските земји и имаат посебни семејни домаќинства, само заради тоа што мајка им е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ немаат право ниту на сопственост, ниту на наследство, ниту на подарок и помош од родителите и од единствените им баба и дедо? праша Бонева во реакција на обвинувањат од СДСМ за скриен стан од Антикорупциска во вредност од околу 180 илјади евра.
Бонева најави дека за оваа како што вели таа клевета правдата ќе ја побара на суд.




