Наместо извинување, СДСМ злонамерно и тенденциозно продолжуваат со неосновани обвинувања за криење на имот од Антикорупциската комисија и јавноста, нечесно работење, несразмерно богатење, со единствена цел да се наштети на мојот углед, угледот на моето семејство и угледот на партијата, реагира денеска Силвана Бонева од ВМРО – ДПМНЕ.
>>Шилегов: Силвана Бонева не сокрила еден, туку два стана
Нејзината реакција следи откако портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов објави имотен лист како доказ дека Бонева има два стана во Скопје на име на нејзините синови.
Бонева смета дека СДСМ со дефокусирање на јавноста се обидуваат да го исперат од себе срамот за богатењето на кланот Заеви на сметка на граѓаните на Струмица и пошироко.
Бидејќи Шилегов не се извини јавно за искажаните клевети и продолжува со манипулирање јавноста, во текот на наредните денови јас и семејството правдата ќе ја бараме на суд, најави Силвана Бонева.




