Треба едно минутно молчење за срамот којшто беше нанесен на македонската парламентарна демократија, срамот кој што го направивте вие почитувани колеги, малтретирајќи ги колегите од парламентарното мнозинство, од изјава од Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Силвана Бонева.
– Не дозволивте спротивно на Уставот да влеземе на нашите работни места, не дозволувајќи на Претседателката на законодавно- правната комисија да отпочне со работа, тргајќи им ги од раце листовите, плукајќи по секого од нас, навредувајќи не, пцуејќи не, зборувајќи се и сешто за вашите почитувани колеги кој што до ден денес достоинствено се однесуваат кон Вас.
– Жалиме сите ние за 24 декември. Не требаше да го послушате сценариото кое што го направи господинот Црвенковски, бидејќи тоа му беше единствен начин да дојде на власт, да направи тензија во Собранието на Република Македонија, да ги вовлече и колегите претставници на албанскиот народ овде во Република Македонија за да направите поголема тензија во Република Македонија бидејќи тоа беше единствениот начин Бранко Црвенковски да дојде на власт, бевте марионети во Собранието на Република Македонија и го игравте театарот кој што беше нацртан во Бихачка, изјави Бонева.
Обраќајќи им се пратениците на СДСМ, Бонева рече: Бевте марионети на Бранко Црвенковски. Тој однадвор, а вие одвнатре не смеевте да излезете надвор се додека не ја извојувате победата како што беше кажано, односно превземањето на власта.
– Со какви средства? Со недемократски средства, со корнење на микрофони, со плукање на вашите колеги. Значи почитувани колеги јас се надевам дека поуката ќе биде извлечена и дека никогаш во македонската парламентарна демократија нема да се случи колеги пратеници едни на други да насврнуваат, уште повеќе да се направи физички напад врз Претседател на Собранието на Република Македонија, да се уништува собраниски инвентар од народни избраници, праша таа.
„Таков срам во парламентарната демократија се надевам никогаш повеќе нема да се повтори, уште повеќе што граѓаните веднаш потоа со гласањето го кажаа и својот став спрема тоа што го направивте почитувани колеги.
– И верувам дека никогаш ниеден пратеник нема да се дрзне некому да му попречува да дојде на своето работно место и да ги претставува сопствените граѓани. Вие тоа ни го правевте пред Сала 1. Жалам што не се вклучувате во работната група и конечно да ставиме точка на тој срам од 24 декемри кој што нанесе ужасна штета на Република Македонија и понатаму продолжувате со таквото сценарио. Жалам“, рече на крај Бонева.




