Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борба против лажни вести: Нема „удар” за Заев од холандскиот амбасадор

0
By Нова ТВ on October 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 26, 2019 17:05

Веста „Тимоние не е сам- уште еден удар за Заев од амбасадор на ЕУ“ објавена вчера на порталот Express.mk е  само еден пример за пристрасното известување на одредени портали, констатира анализата на Fighting Fake News Narratives F2N2,  (Борба против лажни вести и наративи), проект кој веќе една година на дневна основа ги следи и ги детектира дезинформациите и лажните вести што се објавуваат во медиумите во земјава.

Опис на спинот

Во текстот во кој се вели дека францускиот амбасадор Тимоние, не е сам, се мисли на „ударот“ што и го зададе Република Франција на нашата земја во однос на добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

На тоа, порталот  надоврзува наводно уште еден „удар” од холандскиот амбасадор во Република Северна Македонија,  Дирк Јан Коп, согласно негова изјава на трибина организирана од Transparency International-Macedonia.

Но, согледувајќи го насловот на текстот и содржината на веста, се доаѓа до заклучок дека се работи за класичен спин.

Во содржината, тема е трибината организирана од  Transparency Internacional Macedonia  во рамките на проектот “Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам”. Во тој контекст на презентацијата на овој проект,  холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, зборувајќи за корупцијата и состојбите со вработувањата во јавната администрација во државата,  искористил метафора споредувајќи ги како “кога брод почнува да тоне, треба прво да се испумпа водата и да се затнат дупките” притоа давајќи  комплименти на  Државната комисија за спречување на корупцијата, која од февруари “започнува да пумпа” со добра мерка на успех, но тоа е само почеток.

Ова e многу јасен  пример како една вест се спинува со цел да се манипулира јавноста. Гостувањето на холандскиот амбасадор на трибината и неговата изјава за сосема друга тема, воопшто немаат поврзаност со ставот на Холандија и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, за (не) добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

Доказ за тоа е и изјавата на холандскиот амбасадор за порталот  САКАМДАКАЖАМ.МК: „Холандија е за тоа на Северена Македонија да ѝ биде даден датум за почеток на пристапни преговори со Европската унија”.

“Токму затоа сме разочарани што Европскиот совет  не успеа да го даде датумот.  Сепак, нашата цел, и нашата порака, нашата намера и нашиот проект остануваат исти: да се приближи Северна Македонија  сè поблиску и поблиску до ЕУ и во извесен момент и да влезе во неа. Убеден сум дека тој момент не е премногу далеку. Ако ништо друго, ова времено одложување укажува дека треба да ги дуплираме напорите за да ја направиме Северна Македонија уште поподготвена. Реформите мора да продолжат и, сè повеќе, треба да се претворат од добри намери и здраво законодавство во вистинска практика на теренот. Во овој процес, Северна Македонија е активен учесник и партнер, прво и основно за да ги подобри животите на своите граѓани“.

Затоа, нашата позиција останува дека Северна Македонија е подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ, и покрај другите внатрешни размислувања во ЕУ, кои се вон нејзина контрола“, вели амбасадорот Коп во изјава за  САКАМДАКАЖАМ.МК.

Секако, ваквиот став на Холандија со поддршка кон нашата земја за започнување на преговорите се ЕУ, е премолчен од редакцијата на Експрес.мк.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.