Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Борба против нелегални шумски активности“ тема на обуката за новинари и здруженија во Берово

0
By Marija Todorovska on September 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 15, 2024 14:25

Околу 500.000 метри кубни дрва во земјава се илегално исечени и завршуваат на црниот пазар, покажуваат податоците од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Загрижува фактот што овие бројки се далеку над формалните податоци, истакна Сашо Петровски, претседател на Здружението „Рефорд“, во чија организација беше дводневната обука за новинари и претставници на невладини организации, а која се одржа викендов во Берово.

Темата на обуката беше „Борба против нелегални шумски активности“.

-Формалните податоци на институциите се од 25.000 до 30.000 кубни метри на годишно ниво. И тие можат да се најдат во статистичките показатели, преку јавни информации од надлежните институции. Меѓутоа, одредени истражувања коишто прават споредби на потребите за загревање и официјалната потрошувачка, укажуват дека и околу 500.000 метри кубни на годишно ниво имаме нелегално дрво на пазарот. Во нашите презентации тоа би било како да наредиме дрво од Скопје до Ниш, ама ова испаѓа да може да наредиме и до Белград, дрво во височина од еден метар, изјави Петровски.

Универзитетскиот професор, Иван Минчев од Шумарскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје истакна дека секоја неконтролирана сеча на шумите може да ги загрози и населените места. Тој го посочи примерот со пошумувањето на Водно веднаш по Втората Светска војна со цел да се заштити градот Скопје од поплави, потоа од ерозија на земјиштето, на објектите и населбите во близина, но и подобрување на водениот режим на поширокиот простор.

Според истражувањата на „Рефорд“ пустошењето на македонските шуми е резултат на илегалната сеча на шумата, бизнис кој е исплатлив и е поврзан со корупција, а дел од вработените во институциите се и корумпирани и им помагаат на организаторите и крадците.

Војо Соколовски, претседател на Здружение на приватни шуми вели дека последните податоци покажуваат оти годинава во пожарите изгореа околу девет отсто од шумскиот фонд. Посочува дека тоа се должи дел на климатските промени, но и на намерно палење на шумските појаси поради илегална сеча на дрјва, па и популарниот бизнис со пелети.

– Сомнежот како таков постои. Се шпекулира нормално со секакви информации. За жал се уште немаме никакви докази. Да, точно е дека на одредени места пожарот по којзнае колку пати се случува. Тоа не е случајно, вели Соколовски.

Петровски на дводневната обука во Берово истакна дека според нивни податоци во изминатите две години Шумската полиција има поднесено над 900 кривични пријави за нелегална сеча, а бројот на решени предмети е „нула“.

Во изминатата година „Рефорд“ организираше обуки и настани со надлежните институции за борба против нелегалната сеча на шумите“, а податоците од истражувањата ќе ги објават кон крајот на септември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.