Филмската режисерка на Саудиска Арабија, Хаифа Ал Мансур, е прва жена-режисер од оваа земја, каде на жените им е забрането да работат заедно со мажите. Но, не само тоа, таа забрана е само мал дел од репресиите кои ги чувствуваат жените- бизарно, една од нив е и забраната за возење, но и мора да бидат придружени на јавни места од близок машки роднина.
Таа за Би-Би-Си раскажува како промената се одвива бавно во кралството и како е важно е да се спроведат реформите на начин на кој конзервативците би се чувствувале.
Нејзиниот наградуван филм, Wadjda, се гледа како одраз на Саудиското општество.