Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борбата со климатските промени во Македонија чека поволна клима

0
By Соња Крамарска on September 24, 2022 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во средата, Данска стана првата членка на ОН која понуди директен кеш за сиромашните држави погодени од климатските промени. Одлуката да плати 13,3 милиони долари на сиромашните држави погодени од климатски катастрофи во места како што е африканскиот регион Сахел го скрши табуто кое со децении  владееше во најбогатите земји во светот. Досега, богатите земји избегнуваа такви потези. Нивната загриженост е дека тоа ќе им отвори законска одговорност за климатските штети.

И покрај тоа што големината на компензацијата е „безначајна“ во услови на катастрофи предизвикани од топлина кои рутински предизвикуваат штета од десетици милијарди долари, потегот на Данска е важен бидејќи врши притисок врз САД – одговорни за четвртина од дополнителниот јаглерод диоксид што се пумпа во атмосферата – и ЕУ – одговорна за повеќе од една петтина од дополнителниот CO2.

Сиромашните и ранливите земји како Македонија се подготвуваат за битка околу ова прашање. Пакистан повика да се платат „репарации“ по поплавите што оставија делови од земјата под вода. Тоа е црвена линија за ЕУ и САД, кои се бореа да ја задржат дискусијата надвор од агендата на COP27 на прелиминарниот состанок во Бон, Германија во јуни.

Зошто е тоа важно за Македонија? Пред се затоа што климатските промени изразени низ поплави и суша ќе го доведат во прашање производството на храна, а земјите во развој во кои и ние припаѓаме тешко можат да ја издржат трката со богатите кога е во прашање распределбата на ресурсите во време на криза. Така беше со вакцините против ковид, тековната глобална криза за електрична енергија и суровините за нејзино производство, а ако не се подготвиме добро за климатските промени тоа може да доведе и до криза за храна.

Се разбира песимистичките прогнози не мора да се остварат, но се добра основа да се разбудат институциите и да го сфатат сериозно ова прашање кое е високо на агендите на сите состаноци на глобално ниво.

Северна Македонија е земја со вкупна површина од 25 713 км2, опкружена е со копно и е лоцирана во средината на Балканскиот Полуостров во јужна Европа. Земјиштето што се користи за земјоделски цели опфаќа речиси 50 отсто од површината на земјата, а шумите покриваат речиси една третина. Македонија се смета и за „жешка точка“ за биолошката разновидност во Европа – во неа се евидентирани преку 16 000 видови, од кои 854 ендемични видови. Осум од деветте биоми на Балканскиот Полуостров можат да се најдат во земјата. Тоа значи дека има што да загуби, и тоа многу, доколку навреме не започне да се подготвува за климатските промени.

И покрај релативно малата површина Македонија има и разновидна клима поделена во осум климатски региони. Стручните процени  велат дека ќе има постојано зголемување на температурата во периодот помеѓу 2025 и 2100 година. Во споредба со периодот помеѓу 1961 и 1990, предвидените промени за периодот помеѓу 2025 и 2100 година ќе бидат најинтензивни во најтоплиот период од годината. Можно е просечните месечни температури при преодот помеѓу зима и пролет да се израмнат во овој период. За периодот помеѓу 2025 и 2100 година се предвидува пад во врнежите, во сите годишни времиња и на годишно ниво, а најголемо намалување ќе има во текот на летото. Интензитетот на промените е најголем во најтоплиот дел од годината (во јули и август, можеби и воопшто нема да има врнежи). Во студениот период од годината се предвидува намалување во врнежите од дури 40 отсто од просечните месечни количества.

Сето ова значи дека Македонија нема многу време да се подготви за климатските промени, ако досега не е направено тоа.

НоваТВ побара интервју од државната советничка за климатски промени во Министерството за животна средина Теодора Грнчаровска Обрадовиќ, и очекуваме разговор на таа тема.

Водните ресурси во Република Македонија се чувствителни на климатските промени и во однос на квантитетот и квалитетот. Вкупните просечни врнежи се очекува да се намалат за 8 отсто во 2075 и за 13 отсто во 2100 година. Намалувањето на достапните површински води за реката Вардар се оценува на 7,6 отсто во 2025 и на 18,2 отсто во 2100 година, а за Брегалница на 10 отсто во 2025 и 23,8 отсто во 2100 година. Постојано ќе се намалува и полнењето на подземните води во речниот слив на Вардар, и во 2100 година ќе има околу 57,6 отсто помалку од сегашното ниво. Или вкупно генералната достапност на водата во Северна Македонија се очекува да се намали за 18 отсто.

Речниот слив на Струмица кој се простира на 1,649 км2, или 6,4 отсто од територијата на државата, кој е релативно сиромашен со водни ресурси, се очекува да има 34 отсто помалку вода до 2025 година. Имајќи предвид дека струмичкиот регион е водечки за производство на зеленчук и овошје, и практично ја храни Македонија, само овој податок е доволно застрашувачки да се погледне во иднината и надоаѓачките климатски промени.

Домашни експерти уште пред десет години алармираа дека пречки за адаптација кон климатските промени во секторот за водите се лошо проектираните и неодржуваните системи за наводнување, нерегулираната употреба на површинските и подземните води, недостигот на сигурни податоци за водата што се троши за наводнување, практиките за определување на цената на водата и неефикасното спроведување на Законот за води.

Од овие причини, како што наведоа, приоритетните мерки за адаптација кон климатските промени треба да се фокусираат на развој и подобрување на инфраструктура за чување и снабдување со вода, координација на употребата на водите, воведување мерки за штедење на водата, подобрување на водоснабдувањето и употребата на техники во земјоделството и индустријата, мерки за определување на цената и управување во енергетскиот сектор, и мерки за намалување на ризикот од катастрофи.

За жал, освен на хартија, ниту една од овие препораки во чие изготвување учествуваа експерти од повеќе научни и образовни институции, не е спроведена.

„Наша одговорност како влади, не е само да подготвуваме политики и стратегии, туку во исто време и да развиваме и усвојуваме одржливи системи кои ќе се справуваат со климатските промени и другите предизвици за заштита на животната средина“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на конференцијата за Зелениот климатски фонд што пред десет дена се одржа во Сеул, Јужна Кореја.

Оваа негова порака укажува дека кај Владата постои висока свест за тоа прашање, и е одлична можност да почне реалното спроведување на политиките. До крајот на оваа година се очекува да биде донесен и четвртиот Национален план за климатски промени што е бездруго шанса да се размрдаат институциите за едно од најгорливите прашања на денешницата кое во основа има и сериозна безбедносна компонента. (С.К.)

климатски промени Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.