Најдено e решение за претседател на Комисијата која што ќе ги истражи настаните од 24. декември. Се работи за проф. д-р. Борче Давитковски, актуелен декан на Правниот факултет при Универзитетот „св.Кирил и Методиј“.
„Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој што е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста
Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани. Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик на евроинтегративниот процес за земјава“, соопштува Центарот за комуникации на СДСМ.
Ова решение го потврдија и од ВМРО ДПМНЕ во чие соопштение се вели дека очекуваат Комисијата и брзо да излезе со свои заклучоци за спорните настани.