Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Меѓународните правила никогаш не биле вака игнорирани како денес

0
By Marija Todorovska on September 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2024 11:58

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, како домаќин на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека меѓународните правила никогаш не биле толку занемарени како денес.

„Светот беше погоден од многу кризи, до таа мера што меѓународните правила никогаш не биле толку занемарени. Меѓународниот систем на правила никогаш не бил толку слабо спроведен и почитуван. Вчера светна светлина на надеж: усвојувањето на ‘Пактот за иднината’ укажува на тоа дека постои голема побарувачка за мултилатерализам значи дека секој го има својот глас, дека сите ги земаат предвид интересите на сите, а не само на големите сили“, рече Борел.

Тој додаде дека „Европејците имаат посебна одговорност кон граѓаните во светот бидејќи мултилатералниот систем, кога функционира, носи мир и стабилност“.

Во однос на војната во Украина, Борел рече дека ситуацијата е критична.

„Ситуацијата е критична. Путин продолжува да ја бомбардира инфраструктурата што произведува струја за Украинците. Речиси две третини од капацитетот за производство на енергија се уништени. Сигурен сум дека тој се обидува да ја ослабне волјата на украинскиот народ така што ги турка во студот и темнината во текот на зимата“, рече Борел.

Кога станува збор за Блискиот Исток, тој изјави дека ситуацијата на границата (на Израел) со Либан и во Бејрут станала „многу загрижувачка и опасна, со многу цивилни жртви“. „Во моментов сме сведоци на голем егзодус на луѓе кои се движат од јужен Либан кон север. Воздушните снимки од автопатите во јужен Либан покажуваат голема толпа луѓе, огромен метеж од луѓе кои бегаат додека се предупредени дека израелските сили ќе ги бомбардираат сите цели поврзани со Хезболах. Од друга страна, повеќе од 100.000 луѓе во Израел веќе се принудени да ги напуштат своите домови поради нападите на Хезболах“, додаде Борел.

Високиот претставник на ЕУ рече дека „двете страни продолжуваат да се борат, а бомбардирањето на Бејрут предизвика голем број цивилни жртви“.

„Ризикот од регионално ширење на конфликтот се зголемува. Има пат кон безбедноста за двете страни, а тоа е резолуцијата на Советот за безбедност. Јасно е дека Хезболах сноси значителен дел од одговорноста за нападите врз Израел, но овие напади се продолжение на војната во Газа, која се шири во целиот регион, влијаејќи на Црвеното Море, Либија и Западниот Брег, каде ситуацијата се повеќе е надвор од рамките на Обединетите нации и позициите на Европската унија. Ќе разговараме за ова за да ги ослободиме заложниците, да ја овозможиме хуманитарната помош и да го започнеме политичкиот процес. Не можеме да чекаме за прекин на огнот, кој знае кога тоа ќе се случи“, истакна Борел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.