Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Светот се соочува со драматична ситуација

0
By Соња Крамарска on June 20, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Жозеп Борел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, попладнево предупреди дека војната во Украина и блокадата на извозот на жито се одговорност на Русија и поради тоа светот се соочува со драматична ситуација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската унија денеска преку министрите за надворешни работи на ЕУ директно ја обвини Русија за растот на цените и недостигот од прехранбени производи во светот, посебно во најсиромашните земји, како во Африка каде гладот демне.

Русија од своја страна обвинува дека ова е вина на санкциите на Западот против неа.

Борел денеска рече дека „ЕУ треба да се бори против овој наратив на Русија и да ги убеди партнерите во светот, затоа што ЕУ е во право“.

„Русија го блокира украинскиот извоз, ги уништува пристаништата и залихите на храна, транспортната инфраструктура, тоа предизвика глобална криза со храна“, рече Борел и додаде дека над 20 милиони тони житарици се блокирани во Украина.

За него ова е намерна стратегија на Русија да ја користи храната како оружје за да предизвика глад во светот и да врши притисок.

Борел рече дека Европската унија ќе им испрати писмо на лидерите од африканските земји за да им образложи дека Русија е виновна за кризата, а не санкциите на Западот. До сега африканските земји внимателно се држат на страна од заемните обвинувања помеѓу Западот и Русија. Високи ЕУ претставници го критикуваа и претседавачот со Африканската Унија, Сенегал, затоа што не ја осудува јасно Русија.

Африка се соочува со постојани кризи на глад со децении кои се сега дополнително зголемени од почетокот на војната во Украина. Африка во огромен дел зависи од извозот на житарици од Русија и Украина.

Во писмото до африканските лидери ЕУ во детали ги објаснува санкциите против Русија, во кои не спаѓаат храната и ѓубривото. За Жозеп Борел прстот треба да се впери кон Москва од повеќе причини.

„Ако Русија испраќа сигнал дека е опасно да се плови по Црното Море тоа ги зголемува цените на осигурувањето, Русија наложува данок врз извозот, тоа ги зголемува цените, подготвени сме да анализираме, но нашите санкции не се виновни, рече првиот дипломат на ЕУ.

Тој додаде дека светот се соочува со драматична ситуација и дека војната во Украина нема наскоро да заврши. (МИА)

Војна во Украина жито Жозеп Борел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.