Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов: Да го изгласаме францускиот предлог уште денеска, тоа е најдоброто за Бугарија и за Македонија

0
By Sashko on June 23, 2022 ПОЛИТИКА
фото: БГНЕС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2022 12:39

„Прескокнување“ на Комисијата за надворешна политика, свикување на пленарна седница на Собранието и уште денеска да се изгласа францускиот предлог за кревање на бугарското вето за Македонија за отпочнување на процесот на преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), предложи лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во видеообраќање со своите сопартијци.

„Вчера решивме да дадеме зелено светло за Северна Македонија. Тоа очекувавме уште денеска да влезе во пленарната сала, без игри и финти, а не да си играме со одолговлекувања. Престанете да кажувате квалификации. Храбар сте, кул сте, ставете го предлогот во сала. Ќе го освоите аплаузот од целиот Европски совет“, рече Борисов.

„Сфаќам дека ние сме плашливци, Петков е херој и храбар, но нека влезат во парламентот, нека го стават францускиот предлог на гласање и успехот нека биде целосно нивен. Нека ми стојат пред куќата на мене и нека ме нарекуваат предавник. Но, ние знаеме како партија дека тоа е најдоброто за Бугарија, за соседите, за Северна Македонија и треба да го искористиме француското претседателство и тоа да го направиме денес“, повлече Борисов.

Според него, тоа ќе доведе до посилен Западен Балкан.

Борисов призна дека во документите има работи што треба да се појаснат и разјаснат, меѓутоа идните генерации ќе знаат дека Бугарија не е причината за суспензијата на Македонија и Албанија во ЕУ.

„Денеска е историски ден за Европа и светот, бидејќи има можност Украина, Молдавија, РС Македонија, Албанија и Грузија со различни статуси да влезат во Унијата и да ја направат посилна“, порача Борисов.

Тој изрази незадоволство од објаснувањата од премиерот во оставка, Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.