Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошкоски: Тркалото се сврти – моите прогонители се сега гонети

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, по денешното рочиште за предметот „Тортура“, изјави дека верува дека конечно во Македонија ќе се врати, како што рече, изгубената правна држава.

-Верувам во судот. Верувам дека за сите оние кои беа неправедно обвинети, неправедно осудени ќе се бвноват постапките и вистината конечно ќе победи, изјави Бошкоски.

Тој рече дека сега ситуацијата е променета.

-Моите прогонители сега се прогонувани од обвинителството, за кривични дела за кои сум сигурен дека ги сториле. Сепак ситуацијата е многу тешка, многу емотивна, бидејќи се враќаат спомените за времето на заробената држава, тортурата што се вршеше врз сите оние кои поинаку мислеа, , рече лидерот на „Обединети за Македонија“.

Бошкоски денеска во детали го опишуваше моментот на апсењето, навредите што му биле упатувани и бруталноста со која било постапувано.

Бошкоски во судницата ги препозна обвинетите ,,алфи” Ивица Анчевски- Пуки и Новица Станковски.

„Слушнав ‘апси го‘, бев во шок и закочен во место, ја фрлив кесата и видов лица со фантомки, како и немаскирани лица. Ми ги раширија рацете и почнаа да ме претресуваат, некој извика ‘легнете го ѓубрето на земја, п**** му материна‘, во еден момент , со некој за мене непознат зафат, ме легнаа на земја, ме газеа со колена, а еден од нив извади пиштол, ме притисна со него за образ, а траг од тоа носев на лицето со денови и во притворот во Шутка, раскажуваше Бошкоски.

Однесувањето на лицата кои го апселе, Бошкоски, освен изживување, го окарактеризира како натпревар кој повеќе ќе се покаже пред шефот. Тортурата, рече Бошкоски пред судот, службените лица ја завршиле кревајќи го Бошкоски од земја, врзан со лисици, залепувајќи го до полско ВЦ до „Воденица“. Од тука бил однесен во Автокоманда, а според неговото сведочење, и во возилото повеќе пати му било нагласено дека го поздравил шефот, како и за тоа дека го чекаат неколку години затвор.

Од полициската станица во Автокоманда Бошкоски бил однесен во Истражниот затвор во Шутка, а спроводот го реализирале други полицајци кои, според Бошкоски, биле коректни.

Чинот на неговото апсење Бошкоски го нарече политички реваншизам и кумулирана несфатлива омраза која, како што рече, произлегувала од неговите политички говори, а како мотив за апсењето го наведе фактот што по 19 години ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ и ја формирал партијата Обединети за Македонија.

Бошкоски му поставуваше и прашања на адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, кој во тоа време беше државен јавен обвинител.

– А дали вие ја знаевте наредбата за апсење додека бевте јавен обвинител, праша Бошковски како реплика на прашањето дали знае каква е постапката за апсење за криминал.

Бошковски побара да не го прашуваат глупости.

Бошкоски рече дека видеото од неговото апсење се’ уште го има поставено на каналот ,,Јутјуб”.

Судењето продолжува в петок, 7 септември, со доказна постапка и изведување на материјалните докази.

Бошкоски судење Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.