Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошњаковски: Неделава Законот за аудиовизуелни уметности пред Владата

3
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција најави можност до крајот на неделата да се одржи посебна седница Владата на кој ќе се усвои Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за аудио и аудио-визуелни уметности со што ќе се овозможат и промени во јавниот сервис.

Во врска со вчерашниот реизбор на Марјан Цветковски за генерален директор на МРТ, инаку кадар на ВМРО ДПМНЕ, Бошњаковски рече дека Владата нема никаква поврзаност со изборот.

-Изборот е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој фунционира во стариот состав, граѓаните знаат кој членува таму под чие влијание тој работи. Веднаш по усвојување на новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиуми ќе се овозможи избор на професионално и непартиски раководство во МРТ и во Агнцијата за медиуми. Овој избор е на важност се додека не го усвоиме законските измени. Законот ќе го усвоиме наскоро со него ќе се овозмози целноста департизација на МРТ и Агенцијата, рече Бошњаковски.

Цветковски беше актуелен директор на МРТВ чиј мандат истекува кон крајот на годината. Но на 26 јануари беше распишан конкурс за нов директор, пред истекот на мандатот и пред да се донесе новиот Закон за медиуми, кој е во  процедура.

Цветковски вчера е избран со десет гласови „За“. Двајца не гласале – претставникот на ЗНМ и претставникот на Албански театар.

За Цветковски гласале: Јагнула Куновска, Косара Мазнева, Снежана Клинчарова, Ристе Панов, Златко Јанкоски и членовите на ДУИ.

Нова ТВ дознава дека имало поднесено 13 кандидатури за генерален директор, од кои три програми речиси биле идентични.

Функцијата генерален директор ја извршува од 2012 година.  Тој доби уште три години мандат. Упатените очекуваат дека тој ќе биде директор до изгласување на новиот Закон за медиуми.

За заменик директор имало поднесено осум кандидати, од кои со десет гласови „За“ бил избран Харун Ибрахими.

Бошњаковски Влада Закон за аудиовизуелни уметности мртв Цветковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.