Најмалку 34 рудари останаа блокирани под земја во босанскиот рудник за јаглен Зеница, северно од Сараево, пренесува новинската агенција Франс Прес.
Инцидентот се случил по земјотресот од 3,4 степени по Рихтер, кој ја зафати Босна вчера попладне.
Епицентарот на земјотресот е на 53 километри северозападно од босанската престолнина. Во моментот на потресот во рудникот имало 56 лица, но 22 од нив успеале да се спасат и да го напуштат местото. Двајца од рударите со полесни повреди се хоспитализирани.
Земјотресот не предизвикал други штети во земјата.

