Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Божиќна честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов

0
By НОВА ТВ Balaban on December 24, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 10:34

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати честитка по повод празникот Божиќ, што утре го слават граѓаните со католичка вероисповед.

– „Денес во градот Давидов ви се роди Спасител – Христос, Господ. И ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли“ (Лука 2,11-12).

Повеќе од две илјади години одекнува во светот оваа порака што ангелот им ја соопштил на пастирите додека ги чувале своите стада под ведро небо во витлиеемските полиња. Пастирите го слушнале овој повик, поверувале и се упатиле кон шталата, место каде што се родил Спасителот. Пастирите биле способни да веруваат и да се восхитуваат. Тие со широко срце ја прифатиле пораката за Божјата спасителна љубов. Преку нив ангелите му објавуваат мир на светот, мир што според Младенецот, кнезот на мирот, треба да владее на земјата. Мирот им е ветен на сите луѓе со добра волја, бидејќи како Божји миленици се наоѓаат во неговата благодат.

Нека и на сите нас, ако сме со добра волја, ангелите со својата песна за Божик ни ги исполнат со мир и радост нашите срца. Каде што има добра волја, таму има мир, има радост и задоволство, таму е Господ со своите ангели, таму е свет и благословен Божик. И само таков Божик би му посакал на целиот христијански свет: Божик од небото, Божик со Исус, Божик со сите радости!

Среќен Божик и неизмерен Божји благослов во Новото Лето Господово! Христос се роди!, стои во Божиќната честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов.

Божиќна честитка Киро Стојанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.