Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Божинов: Наш интерес е С Македонија да опстане, бидејќи ја раскинува врската меѓу Србите и Грците

0
By Нова ТВ on December 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот историчар Воин Божинов, кој е дел од Бугарската академија на науките (БАН), вели дека од стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да постои како независна држава, бидејќи на тој начин се раскинува копнената врска помеѓу Србија и Грција, која во минатото секогаш ја задушувала Бугарија.

„Нашата дипломатија мора да има крајно рафинирани начини на дејствување. Од една страна, треба да ги заштити нашите национални интереси, а од друга, треба да покаже дека Република Северна Македонија има место во европското семејство со цел во неа да не започнат деструктивни процеси кои може да доведат до нејзино распаѓање. Нашиот генерален интерес е Република Северна Македонија да постои како независна држава бидејќи нејзиното присуство на картата ја раскинува копнената врска помеѓу Србите и Грците, што е наш голем интерес бидејќи тоа е граница што секогаш ја задушуваше Бугарија“, вели тој.

Историчарот зборува и за односот на САД, при што оценува дека новоизбраниот претседател Џо Бајден нема да биде водечката фигура во американската надворешна политика, но констатира дека притисокот од Вашингтон ќе расте.

Покрај за Вашингтон, во неговото гостување на БНР, Божинов зборува и за Германија.

„Крајно време е земја како Германија да каже каква позиција зазема за ова прашање, дали стои зад членка на ЕУ или зад земја која е кандидат за членка на ЕУ. Германија, очигледно, има големи политички и економски интереси на Балканот. Проширувањето на ЕУ, значи и проширување на германското влијание во нашиот регион“, вели Божинов.

Тој ги коментира и потезите на Скопје со назначувањето на Владо Бучковски за специјален претставник во Софија, како и неговите средби со бугарските политички лидери, при што оценува дека Бугарија испраќа различни сигнали.

„Големи се надежите во Скопје дека можат да направат чекор напред по изборите во Бугарија. Средбата на Бучковски со Корнелија Нинова (лидерка на опозициската Бугарска социјалистичка партија – БСП) беше многу интересна, бидејќи Скопје очигледно сакаше да ги испита плановите на најголемата опозициска партија. Но, тој (Бучковски), ја напушти Софија со свиткана опашка“, вели Божинов.

Историчарот коментира и дека во С Македонија постои антибугарска хистерија што, според него, покажува дека македонизмот не е само идеологија туку ментална девијација. Тој порачува дека омразата носи негативна реакција и оти Скопје мора да сфати дека не треба да има таков пристап.

Во гостувањето на БНР, тој зборува и за евентуалните последици од блокирањето на евроинтеграцијата.

„Евентуалното одложување на процесите на европската интеграција на Република Северна Македонија ќе покрене сериозни прашања. Едно од нив е и за обединувањето на Албанците во ЕУ, бидејќи ако не го добијат тоа што го сакаат, можат да ја свртат другата страна на плочата“, вели Божинов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

ВЕСТИ November 14, 2025

Десет од вкупно 25 пациенти биле упатени на операција на срце без потреба или без…

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.