Во еден од разговорите кои опозицијата ги објави на петочната прес конференција министерката за внатрешни работи и генералниот секратар на владата Кирил Божиновски разговараат за стратегија како да доиспровоцираат насилство кај опозиционерите на гласачките места со цел да можат да поднесат кривични пријави кои предвидуваат казни затвор до 5 години за опозициските членови на изборните одбори.
Транскрипт
ГЈ: Ако имаме релевантни сознанија дека планираат насилство, провокации, да ги доиспровоцираме…
KБ: Да, тоа е едно сценарио да ги доиспровоцираме, ама они мислам знаеш што ќе прават…они таму имаат право гласно да го читаат оној што доаѓа да гласа. И ќе речат тој и тој од таму, аха еве го. Прво камери ќе му пуштат, после може скандал да му направат ко во Собрание, ќе го влечат чекај стој, па колата кај што стои…
ГЈ: Ама не смеат така да му прават, нема сам да оди човекот, ќе му се даде поддршка со претседател на … заедно ќе оди со него…
KБ: После може колата да му ја блокираат, ја ги глеам сите можни ризици знаеш.
ГЈ: Ама не може тоа, има полиција таму. Тоа знаеш колку тешко кривично дело е, пет години затвор е тоа. Јас затоа сакам да ги навлечеме.
KБ: Во смисол попречување на гласачко тело?
ГЈ: А бе попречување на гласачко, и сите кривични дела со повреда на правото на избори и гласање. Сите тие во 2008 кога се тепаа шиптариве ги направивме ко човек да си убил
КБ: Да, да. Јас сум да не ретерираме…
ГЈ: Не, види не мора да е на многу локации, ама на една-две да им направиме таков проблем да ги испровоцираме
КБ: Да, да, да да…




