Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БПЦ денеска за барањето на МПЦ – ОА

0
By Нова ТВ on November 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синодот на БПЦ денеска ќе го одржи своето прво редовно зимско заседание на кое се очекува да биде разгледано писмото на МПЦ – ОА од 9 ноември која побара признавање на автокефалноста, а за возврат БПЦ да биде нејзина црква мајка.

Решението за Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се бара толку многу години, па затоа е сложено и треба многу добро да се осмисли, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит во одговор на новинарско прашање за тоа зошто толку долго се бара решение за МПЦ.

Според него ова прашање треба многу добро да се осмисли, а решението да се донесе со мнозинство и сите православни цркви да имаат јасна претстава за прашањето за автокефалноста, што не беше разгледувано на минатиот Сеправославен собор на Крит.

На прашањето дали БПЦ ќе ја има силата да ја заштити МПЦ пред останатите православни патријаршии и дали ќе ја прифати “подадената рака од МПЦ“ бугарскиот патријарх одговори дека тоа е најмалку што може да се направи, „затоа што тие се наши браќа и наш народ, и ќе се стремиме да го зачуваме неговото единство“.

Светиот синод на БПЦ денеска треба да го разгледува писмото што на 9 ноември му го упати Синодот на МПЦ-ОА, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.

Академици, историчари, јавни личности од Бугарија покренаа иницијатива со која бараат бугарскиот Синод да го прифати барањето на МПЦ.

Јавно ги поканија сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка утре  да се соберат пред зградата на Синодот во Софија со што ќе побараат да се донесе најмудрото решение за писмото.

– Желбата ни е  да поддржиме најмирен и најдобар начин за нашите архиепископии. Сметаме дека желбата на МПЦ е исклучително важен историски акт кој треба да го добие и најлогичниот крај. Лично не очекувам утре да имаме сензационална реакција БПЦ веднаш да одлучат да биде црква мајка на МПЦ. Утре очекувам св синод да објави дека е примено писмото и дека шќе почне процедура за одлучување. Бидејќи е исклучително  важно, тоа писмо може да биде без последици, де факто да се одлучи со молчење. Сепак треба синод да каже дека ќе даде дозвола  и дај боже во скоро време да има резултат, вели Горан Благоев, новинар и потписник на иницијативата.

Меѓу потписниците се и Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките,  јавни личности, главни уредници на неколку медиуми во Бугарија,  голем број потомци на истакнати македонски дејци како  Михаил Развигоров – внук на војводата Мише Развигоров, Елисавета Шапкарева, правнука на Кузман Шапкарев, Христо Матов – внук на револуционерот Христо Матов.

Тие се надеваат дека во натамошното заседавање,  БПЦ ќе прифати да биде продолжена рака на МПЦ  која прва ќе ја прифати афтокефалноста.

Бугарскиот патријарх Неофит на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев пред неколку дена уверувал во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

Митрополитот Повардарски Агатангел е единствениот член од Светиот Синод кој не се согласува со писмото што Синодот на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква. Тој го оценува барањето на Синодот на МПЦ-ОА до БПЦ како брзоплето и наивно и оти ќе доведе до национално понижување.Неофицијално во црковните кугови се сборува и за уште едно несогласување со оваа одлука но засега останува неофицијално и непотврдено.

автокефалност Агатангел Благоев БПЦ МПЦ Неофит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.