Пратенкиот од Социјалистичката партија Ерјон Брача, во негов стил им одговори на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Тој на својот Фејсбук профил, напишал дека оваа партија е полна празноглави.
„Дека партијата на премиерот на поранешна Југословенска Република Македонија е полна со празноглави, може лесно да се дознае со гледањето на оваа „држава“!!! Сепак, таа организација, полна со празноглави да се дрзне да држи и лекции, е тоа е премногу!! Уште пострашно е кога истите тие празноглави ти „наредуваат“ кого да посетуваш во твојата држава!! Кулминација!! Сакам да кажам две нешта; Како прво, протестите на Албанците во оваа „држава“ не се ниту радикални ниту исламистички. Тоа е граѓански протест како во секоја држава во Европа, но со голема разлика, бидејќи во Европа денес, за разлика од оваа „држава“, слободата, еднаквоста, правдата, инклузијата, учеството, солидарноста, се институционализирани и заштитени па дури и за емигрантите!! Оваа „држава“ или поранешна Република не ги признава основните права на своите граѓани со албанска националност“, пишува Брача.
„Како второ, споредбата на албански граѓани во оваа „држава“ што се населени во неколку села и на Албанците што живеат во оваа „држава“ или во поранешна Југословенска Република Македонија, не поминува никаде и ја отсликува веќе епската празноглавост на оние што ја водат „државата“!!Поранешната Југословенска Република Македонија, е мултиетничка држава, позната широко како таква!! Албанија не е!! Поранешната Југословенска Република Македонија во својот состав ги содржи Албанците како јасен државотворен елемент!! Албанија има албански граѓани со македонска националност, едноставно, еднакви граѓани на Републиката, кои живеат и ги уживаат истите основни, политички, економски и социјални права како секој друг граѓанин на оваа земја, без нивно повредување и дискриминација на ниту еден универзален принцип!“, нагласи тој.
„Аааааа, но ние, не ги користиме овие државјани за македонска националност за крадење на гласови. Партијата на премиерот Груевски ги користи и за тоа! Каков срам! Од ова, верувам, дека празноглавите ќе разберат дека постои голема разлика помеѓу елементот на државотворност, малцинство или заедница!! Почитуваните албански државјани со македонска националност што живеат во Ликенас или Пустец, никогаш не биле државотворен елемент, ниту малцинство, туку заедница со сите права и почит што ги ценат и почитуваат исто толку колку и Албанците во оваа европска држава!!, За крај, ви пишувам на албански бидејќи е официјален јазик во поранешна Југословенска Република Македонија, која вие ја управувате“, напишал Брача на Фејсбук.




