Брачниот пар Фахрудин и Сејиде Муратовиќ биле убиени од чуварот на нивната куќа и двајца негови пријатели за да ги ограбат. Телата биле закопани во дворот на нивната куќа во египетското летувалиште Хургада соопштила полицијата во Египет.
-Сите сме во шок и неверување.Требаше да се вратат во Швајцарија пред Нова година, велат нивните роднини. Но, откако не се јавиле десетина дена нивната ќерка повикала полиција, која открила дека двајцата се убиени и закопани под палма во дворот на вилата каде што престојувале.
Убиениот брачен пар во Египет допатувале со швајцарски документи. Министерството за надворешни работи на Швајцарија веднаш издало налог да се преземат мерки и активности, а своите државјани ги предупредува да бидат внимателни заради политичката нестабилност на земјата.