Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браќа по ненаситната трпеза- Сулејман и Тимотеј

0
By Биљана Секуловска on April 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 11, 2020 10:40

Откако реисот Сулејман и владиката Тимотеј едногласно залелекаа дека им се потребни пари- за да не останат гладни, светот повеќе не е истиот. Што навистина се случи?

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, се закани и загрме- ако државата (граѓаните) не им даде пари, ќе ги повлече повиците до верниците да не одат во џамиите, за време на рамазанските пости. Едноставно е- главен извор за финансирање им биле славењата, празнувањата на Рамазан Бајрам.

Потоа се јави и владиката Тимотеј, со еднакво плачен глас- дека главниот извор на приходите на МПЦ биле токму парите од велигденските празници. Тој најави дека ќе размислува дали ќе бара пари од државата (од граѓаните), затоа што и свештениците биле оштетени, не можеле тие да останат со празни трпези. Иако вели дека препорачуваат Велигден да се слави во најтесен круг на луѓе, немаат никаква намера да стават клуч на црквите, иако целата држава е одамна во кафез. Затоа, вели дека доколку некој не сака да го почитува славењето во семеен круг, “ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите”.

О, да, се разбира- никој и ништо повеќе не очекува од нив, ништо подобро, зарем не? Би било скрнавење на божјите знаци и патишта кои тие ги следат- да излезат од џиповите, глисерите и удопствата, за да се осврнат и разгледаат наоколу што им се случува на луѓето кои им биле главен приход досега.

Секако дека е премногу од нив да се бара да волонтираат- да разнесуваат храна, лекови, секаква помош до старите, изнемоштените, болните, сиромашните, до оние кои страдаат. До сите оние кои и никогаш немале трпеза, ниту знаат, ниту дознале некогаш како изгледа таа, свештеничката, велигденска, раскошна софра.

Никој не очекува, се разбира, да ги охрабруваат заболените, да ги нудат сопствените манстири, цркви и џамии- кои всушност, нели му припаѓаат на народот. Да ги отстапат како помош во сместувањето на карантини или самоизолации, на оние кои немаат покрив над главата, на оние кои никогаш и немале засолниште, сопствен дом, ништо свое.

Конечно, напатените религиски татковци нека се сетат од кога не поднеле до институциите извештај за данок, од кога не платиле данок, пари кои ги добивале со децении и векови наназад токму од “нивниот народ”.

Тоа е истиот тој народ, кого наместо да инсистираат да го заштитат, велат дека можеби ќе им ги отворат портите, затоа што не биле полицајци, и конечно им требале пари, секогаш пари, никогаш доволно пари.

За да ја имаат старата, обилна трпеза, онаа која им се прелева преку брадите, им капе и ги замастува наоколу се до ножните прсти, им ги трупа алчно стомаците, не ги наситува никогаш, не ги задоволува, никогаш не е доволна таа нивна храна, тоа нивно пиење, тие нивни гозби и полевања, тоа имање, секогаш да се има, само за себе, за тие нивни трпези, за се што добиле од сите други, а ништо никогаш за возврат не дале.

Се разбира дека има исклучоци, се разбира и дека овие двајца претставници на верските заедници не ги одразуваат ставовите на сите останати функционери меѓу нив. Сега е добро да не замолчат останатите, да се оградат од алчноста и нечовечноста, токму во овие времиња- кога болеста ги коси и нивните следбеници, верници, атеисти и неверници, сеедно.

Да покажат барем зрнце солидарност, разбирање, емпатија, да укажат на опасностите кои ги носат отворените религиозни објекти, да се стресат од опасностите кои ги носат парите, кога никогаш не се доволно, кога се грабаат во еден здив, без срам, без трошка срам. Од тој вирус не може да се побегне, нели пречесни отци?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.